На 47-мите октомвриски средби, научно стручен собир на лабораториски професионалци и санитарни техничари со меѓународно учество, кои на 11, 12 и 13 октомври се одржуваат во хотелот “Силекс“ во Охрид, тимот на Болница “Плодност“ повторно постигна големи успеси.
Медицинската сестра, Елизабета Анастасовска, која е специјалист медицинско-лабораториски аналитичар, за презентацијата на својот стручен труд “Инциденца на предканцерогени промени на грло на матка-ризик фактор високо ризични ХПВ вируси и конизација како метод на лекување-наши искуства“, освои трето место.
Покрај презентацијата на стручниот труд на 11 октомври, Анастасовска беше дел и од работното претседателство на средбите.
Во тимот кој ја претставуваше болница “Плодност“ на овие средби беа и вишата медицинска сестра превентивна насока Весна Балаловска-Илиевска и лаборантите Даниел Костевски и Аце Радовски.
Октомвриските средби се во организација на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Северна Македонија.

Елизабета Анастасовска од “Плодност“ освои трета награда за стручен труд
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





