Press "Enter" to skip to content

159. седница на Владата денеска во зградата на Општина Битола 

Во Битола денес ќе се одржи 159. седница на Владата денеска во зградата на Општина Битола, а ова е прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата.

Ќе претседава премиерот Зоран Заев, на неа ќе присуствуваат сите министри, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Битола Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.

На оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на овие општини.

Пред почетокот на седницата, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе ја посетат РЕК “Битола“, каде ќе ја промовираат мерката за инвертер клими, во присуство градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пак, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, заедно со градоначалничката Петровска ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола, а министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Здравствениот дом во Битола, кадешто пред 1 месец се пушти во употреба реновираната Служба за итна медицинска помош.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со градоначалничката Петровска ќе посети неколку мали групни домови во општината, додека заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули заедно со Петровска ќе изврши увид во напредокот на изградба на пречистителна станица за отпадни води во потпелистерските села Трново и Магарево.

More from ВестиMore posts in Вести »