Во присуство на директорот на Агенцијата за државни патишта – Зоран Китанов, генералниот директор на ЈП “Македонија пат“ – Беким Мемети, градоначалникот на општина Новаци – Љубе Кузманоски и жители од селата од мариовскиот крај, беше пуштен во употреба регионалниот пат Рапеш-Старавина во должина од 9 км.
Со градежните активности се започна минатата година кога беа асфалтирани 6 км, а оваа година со асфалтирањето на останатите 3км целосно се асфалтира регионалниот пат Битола-Рапеш-Старавина во должина од 53 км. Станува збор за инвестиција од 36.000.000 денари, средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта и изведувач на градежните работи ЈП “Македонија пат“.
За Мариово со севкупната природна убавина, потенцијали и ресурси од големо значење ќе биде доасфалтирањето на овој регионален пат со целосно поврзување со асфалтен пат Битола со Старавина и Градешница во должина од 53 км. Тоа истовремено ќе значи и развој на туризмот, враќање на жителите од овој крај во родните места.

Асфалтиран регионалниот пат низ Мариово, Рапеш-Старавина (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Отворен првиот меморијален кошаркарски турнир “Зоран Петковски – Петкото“ во Битола (фотогалерија)
- ЕСМ со доделување на стипендиите продолжува да инвестира во знаењето, младите и иднината!
- Дарија Крстевска од Олимп со нов младински национален рекорд на 3.000 метри стиплчез
- Битола почнува да живее филм три дена пред “Браќа Манаки“, “Странецот “ под отворено небо
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 26 степени





