Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денес го одбележува 15 октомври, Меѓународниот ден на Белиот Стап.

Лајонсите познати уште како Витези на светлината настанот, осносно лајонс клубовите “Кабадаја“ и “Хераклеја“ денес беа организатори маршот и трибината.

Денешното одбележување на Меѓународниот ден на Белиот стап, денес започна со маршот кој го изодеа слепите лица и лицата со попречености, од центарот за социјални грижи од “Карпош“ се до Широк Сокак пред хотелот “Епинал“.

По маршот, Здружението и претставниците на Лајонс Клубовите се упатија кон Центарот за култура на трибина на тема Персонални асистенти.

-Мисијата на 15 октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) е само една можност да се апелира на тоа да се зголеми вниманието на јавноста кон слепите лица, истовремено да се обрне внимание на пошироката јавност за слепилото и за проблемите со кои секојдневно се соочуваат слепите и слабовидните лица, рекоа денес од Лајонс клубовите, организатори денешните активности.

Лајонсите познати уште како Витези на светлината настанот, лајонс клубовите Кабадаја и Хераклеја денес беа организатори маршот и трибината, упатија апел да се разбудат властите на секое ниво во општеството да земат учество и да овозможат фондови за превенција и едукација за слепилото, како и да се поттикне општествената одговорност кон секој граѓанин.

-Нашата одговорност и соработка не е само на овој ден, ние сме во постојан контакт со членовите на Здружението на слепи лица и сме запознаени со нивните проблеми и со кои потешкотии се соочуваат во секојневното живеење, рекоа Лајонсите и додадоа:

-Нашата цел е пред се да се поттикне свеста, но и да се помогне на слепите лица на локално ниво. Опремување на Здружението, организирање на обуки и трибини, издавање на првото мени на брајева азбука во Македонија, неформални дружења и средби се само дел од активностите на Лајонс Клубовите.

Бројката на слепи лица во Битола е околу 220 од кои што 120 се целосно слепи.

Дружењето продолжи во ресторан “Премиер Центар“ со симболичен коктел.







