Додека голем дел од луѓето се преокупирани во трката по работа, пари, шетање, коли, убав луксузен живот, има и еден голем дел на луѓе кои се преокупирани во трката за сопственото здравје.
ОКТОМВРИ – Светски месец за борба против ракот на дојка се обележува секаде во светот да го обележиме и кај нас.
Здружението “Златно перо“ во соработка со здружението “Јасмин“ на ден 19.10.2019 организира октомвриски панаѓур на плоштад “Магнолија“.
Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани,мали и големи компании, здруженија, училишта, организации….. сите кои сакаат да помогнат со своето присуство да помогниме на што повеќе заболени луѓе,вда ја поткрениме свеста на младите за редовни контроли и рано откривање на болеста.
Битола е град со најмногу заболени од секој тип на карцином но исто така и подрачје каде голем дел од луѓето се срамат да ја споделат јавно својата мака и проблем.
Ајде сите заедно, да докажеме, дека секоја “борба“ која ја водиме со сплотени сили полесно се добива.






