Press "Enter" to skip to content

Клиничка Болница и “Кромберг и Шуберт Македонија“ заедно во кампања за превентива на рак на дојка

ЈЗУ Клиничка Болница се вклучува во одбележувањето на месец Октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Заедно со “Кромберг и Шуберт Македонија“ ДОЕЛ Битола, ја отпочнува првата кампања под мотото “Надеж, храброст и сила-заедно спасуваме живот“, а целта е да се покренеме свеста во нашиот град, кај секоја жена за оваа болест која ако навреме се детектира и правилно се третира можи да спаси живот.

Менаџерскиот тим при Клиничката болница, на чело со директорот Зоран Лазаров, го направи планот за кампањата, за што вели:-Оформивме медицински ти, кој е предводен од д-р Александар Димовски-ренгенолог кој ќе биде активен низ цела година со голем број скрининзи низ нашиот град се со една цел превентивата да биде на прво место. Но, нема да застанеме тука, ова е само почеток на кампањата која планираме да биде активна преку цела година, а со една цел, женската популација да ја активирамe целосно и да делуваме превентивно. Првиот бесплатен скрининг ЕHO на дојка започнува во просториите на “Кромберг и Шуберт Македонија“ ДОЕЛ Битола, каде сите вработени од оваа реномирана фирма можат да се јаваат на преглед каде наша екипа има таму секој ден .

Од тимот на Клиничката болница додаваат:

-Се надеваме дека со оваа кампања позитивно ќе влијаеме и врз промената на размислување кај жените во нашиот град и пошироко за преглед на мамографија и EHO на дојка бидејќи во оваа фабрика има жени вработено не само од Битола туку и од нашите соседни градови Ресен, Прилеп, Демир Хисар.Голем број на студии покажаа дека раното откривање на ракот на дојка помага во процесот на доброто лекување, затоа од Клиничката болница упатуваат благодарност до раководството на “Кромберг и Шуберт Македонија“ ДОЕЛ Битола за прифаќање на нашата иницијатива заедно да се вклучат во одбележувањето на месецот посветен на ракот на дојка.

Менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка Болница упатува покана сите да се вклучат во ваквите скрининзи и активности се со една цел превентива на ракот на дојка кај нашите жени.

More from ВестиMore posts in Вести »