Press "Enter" to skip to content

Меѓународниот ден за борба против гладта во рамки на денот посветен на граѓанското образование во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ (фото)

-Со хуманитарна акција и низа активности во рамки на денот посветен на граѓанското образование се одбележа Светскиот ден на храната – 16 октомври и  Меѓународен ден за борба против гладта во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во која акција ние учениците дониравме храна.

Координатори на активностите на Денот посветен на граѓанското образование психолошко – педагошката служба и наставници по граѓанско образование во училиштето, а ние учениците од сите одделенија се вклучивме во акцијата. -Од оваа учебна година со новиот концепт на граѓанското образование во дел од основните училишта се одбира ден посветен на граѓанското образование кој со посебна програма и  акционен план на  активности стана дел од годишната програма во нашето училиште. Нашиот тим го избра 16 октомври, Меѓународен ден за борба против гладта. Во рамки на овој ден беа спроведен повеќе активности, а реализатори  беа ученици од IX одделение. Неколку дена претходно беше спроведен хуманитарна акција  собирање на храна која ја донираа сите ученици. На овој ден таа беше селектирана и разделена на семејства од социјално ранливи групи на ученици од нашето училиште и дел ќе се предаде во Црвениот Крст, ни рекоа одговорните за спроведување на акцијата.Во рамки на наставата  беа реализирани  разновидни активности во сите одделенија. Во предметна настава на часовите  од различен аспект активности со презентаци, едукативни работилници се дискутираше, дебатираше за гладот и борбата против него.

Во одделенска настава на интересен начин преку   драматизации, песнички, пораки, ликовни творби.  Преку низа активности учениците стануваа свесни за овој проблем и хуманоста како морална и етичка вредност.  Со тоа   училиштето во рамки на денот на граѓанско образование ги одбележаа Светскиот ден на храната и меѓународниот ден на гладта. Реализаторите на активностите  ученици од 9 одделение, со поддршка на тимот за реализација на Денот на граѓанско образование со организираната хуманитарна акција на собирање на  долготрајни прехрамбени производи  ќе  донираат  на социјално ранливите категории на граѓани.

Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »