Нашиот сограѓанин Ристо Чуринов – Чурино, не застанува со своите активности во Султанатот Оман, каде живее и работи. Покрај практицирањето на спорто, тој деновиве организира и настан кој за прв пат се организира во оваа земја.
-Јас, во соработка со џудо клубот “Чурин“ и македонската џудо федерација и UFC GYM, за прв пат во Султанатот Оман во одбележавме Светскиот ден на Џудото. Имавме презентација на џудо вештини, практични вежби, а присутните ги запознавме и со историјата на џудото. Сите кои беа на отворениот ден добија сертификати. Самите учесници побараа вакви средби да има повеќе, на кои ќе се запознаваат со интересни детали за овој спорт, ни рече Ристо Чуринов, по вибер комуникација.

Џудо клубот “Чурин“ и македонската џудо федерацијата и UFC GYM за прв пат во Оман презентираа за Светскиот ден на џудото (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)





