На 18 октомври во СВР Битола, З.Н.(49) од Битола пријавил дека на 17 октомври околу 20.45 часот на ул. “Широк Сокак” во Битола лицето В.Т. му се заканувало со остар предмет и со метален предмет го оштетил неговото возило. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.10.2019 во СВР Битола, вработен во Територијалната противпожарна единица Битола пријавил дека на 17 октомври околу 23.00 часот, при интервенција за гасење пожар во куќа во село Ротино, тој и неговиот вод бил спречуван во извршување на службените дејствија од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 17 октомври во СВР Битола, Љ.Б. од Битола пријавил дека околу 13.00 часот неговиот 15 годишен син, кој се школува во средно училиште во Струга, во училиштето бил физички нападнат од неколку соученици. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 17 октомври извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 10 возачи управувале возило без возачка дозвола, седум возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 19 возачи, шест возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, под дејство на алкохол биле три возачи и тие биле исклучени од сообраќај. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.






