По пресот на ВМРО-ДПМНЕ од Битоа, за електростатските филтри во РЕК “Битола“ следуваше реакција се јавија од АД ЕСМ, подружница РЕК “Битола“ во која се вели:
-Државната комисија за жалби по јавни набавки го поништи тендерот за избор на економски оператор за реконструкција на електростатските филтри во РЕК “Битола“.
Се работи за забелешки од формално – правен карактер кои ќе бидат отстранети и во најкус можен рок јавната набавка повторно ќе биде објавена. Раководството на РЕК “Битола“ и на АД ЕСМ доследно ги почитуваат законските прописи кои во случајов наложија јавната набавка која е од исклучително значење за комбинатот, за компанијата и за државата, да започне од почеток.
Доцнење во реализацијата наовој проект нема да има. Средствата во висина од 20,4 милиони евра се обезбедени и постапката ќе се реализира согласно и претходно споменатата динамика – последнователно за секој од блоковите во 2020, во 2021 и во 2022 година.
Реконструкцијата на електростатските филтри во РЕК Битола не е приказна како онаа за Програмата за подобрување на квалитетот на воздухот во Битола, најавувана од советничката на ВМРО – ДПМНЕ во 2013 година, која ако воопшто постоела, останала само на хартија. Зафатот за реконструкција на електростатските филтри во РЕК “Битола“ е потреба која можеше и мораше многу порано да биде започната.
Во меѓувреме, АД ЕСМ и РЕК “Битола“ ја поздравуваат зголемената еколошка свест кај факторите кои своевремено повикуваа на одговорност во јавните настапи за да не се крева паника и страв кај граѓаните со цел добивање на политички поени.






