На 21 октомври во СВР Битола, Б.Б.(20) од Битола пријавил дека на 19 октомври кај место викано „Ленски мост“ во Битола тој и А.С.(26), Д.Д.(27) и Г.Л.(28) физички биле нападнати од лицата П.Ѓ., И.Ќ. и уште неколку други лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 21.10.2019 во 10.30 часот на патот Новаци-Ношпал се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.Т. (50) од с.Лавци, битолско и патничко возило „даеву ланос“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(55) од с.Новаци, битолско. Во незгодата С.В.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а И.С. се здобил со телесни повреди. На двајцата им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.






