Во малата сала на Центарот за култура во Битола во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, беше одбележан денот на формирање на ВМРО.
За формирањето на Организацијата и основачите на ВМРО зборуваше Марко Јосифовски, претседател на УМС од Битола.
Во име на УМС беше доделена благодарница на професорот по историја Ѓорѓи Чекутков, за континуираната едукација на членовите на УМС и за неговите активности за одбележување на значајни датуми и годишнини и за предавањата за дејците на Организацијата.
Одбележувањето беше завршено со проекција на документарен филм за основачите на ВМРО во продукција на Македонската радио телевизија.

УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола го одбележа денот на формирање на ВМРО (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »





