Фудбалерите на Пелистер утре гостуваат во Форино, а противник ќе им биде екипата на Вардар. Натпревар во кој со победа остануваат на првата позиција пред останатите две екипи со предност од најмалку пет бода.
Фудбалерот на Пелистер, Бојан Илиевски, кој во тимот игра на местото “штопер“ за утрешниот натпревар вели:
-Ние, Пелистер, каде и да настапуваме, односно против било која екипа, на противниците сме им мотив повеќе, а сите добиваат посилна мотивација против нас. Но нашата определба е дека на секој терен одиме да се докажеме и да бидеме чекор повеќе кон крајната цел, Првата лига. Што се однесува пак до утрешниот натпревар ќе кажам дека не е лесно да се игра во гости против било кој тим, на било кој терен во Втората лига. Така ќе биде и во Форино, но како реков ние секаде одиме без бело знаме, па така ќе биде и утре.






