Press "Enter" to skip to content

Први бодови за КК Пелистер на домашен терен против ФМП

Пелистер – Академија ФМП 92:77 (21:19, 24:25, 25:22, 22:11)

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 500

Судии: Цветановски, Бошковски и Лалков

Пелистер: Пенов 8, Мекиќ 18, Голубовиќ 14, Казарновски 20, Враниќ 10, Атанасовски, Цветковски 15, Трсунов 2, Гулевски, Обедниковски 1, Думиќ 4, Лазаревски.

Академија ФМП: Делипетров 8, Шалев 5, Начевски 2, Стојановски 2, Харис 33, Стојановски 2, Бешлиовски 14, Србиновски, Најдоски 5, Мартиновски, Јовановски 6, Анастасовски.Кошаркарите на Пелистер ја запишаа првата победа во оваа сезона од кошаркарскиот шампионат, а ја поразија екипата на Академија ФМП со 92:77, во натпревар во кој на неколкупати гостите се враќаа во игра. Стартот им припадна на кошаркарите на Пелистер, кои поведоа со +7, но како одминуваше четвртината гостите се доближуваа резултатски за на пауза по 10 минути да биде +2 за Пелистер 21:19. Во втората четврина двете екипи играа со многу грешки, но и постигнаа многу кошеви. По три минути игра гостите поведоа 26:27, а Пелистер потоа израмни на 32:32. Потоа пак водство на гостите за ново израмнување 39:39, а на пауза се отиде со поен предност за Пелистер 45:44.На средина на третата четвртина беше повторно реми, 51:51, а на три минути до крајот Пелистер имаше предност од шест поени 62:56, потоа 8 (70:62), а во последната чествртина Пелистер влезе со 70:66.По три минути во заврната четвртина беше 11 поени разлика за Пелистер 79:68, а “пелистерци“ влегоа во мирна завршница која значеше и прва победа оваа сезона, изразена со 15 поени кошеви разлика, 92:77.Најефикасни поединци во тимот на Пелистер беа Казарновски со 20 и Мекиќ со 18 поени.

More from СпортMore posts in Спорт »