Со бројни активности кои ги координираше наставничкиот колегиум на ОУ “Стив Наумов“ и се одвиваа во текот на целата седмица беше одбележан патрониот празник на училиштето.
Во прославата по повод патрониот празник беа вклучени сите ученици, почнувајќи од најмалите кои беа најбројните, првачињата, во соработка со нивните мајки и баби, ја остварија работилницата за зачувување на културните вредности, рачна изработка на предмети со раскажување и пренесување на искуствата на најмладите.
Оваа година, патрониот празник во ОУ “Стив Наумов“ беше во знакот на екологијата. Темата на која твореа учениците на ликовниот и литературниот конкурс беше “Кажи и гласно на планетата Земја“, се со цел целото внимание да се сврти кон свесно размислување на тоа колку и како може да се продолжи животот на планетата Земја.
Дел од наставниците учествуваа на работилница во НУУБ “Св. Климент Охридски“ каде гледаа едукативен цртан филм за грижата на околината, селектирање и рециклирање , како и во Завод музеј, каде се запознаа со минатото и богатата историја.
Така, преку бројни еко- работилници, учениците се доближија до поимите селектирање на отпадоци и рециклирање. Беше реализирана и практична активност на селекција на отпад во кругот на училиштето.
Не изостанаа спортските активности реализирани од наставниците по физичко воспитание во соработка со нивните колеги од другите училишта, а наставникот Владо Кузмановски одржа историски час со учениците и положија цвеќе на бистата на Стив Наумов.
На 24 октомври, во училиштето се одржа и приредбата на која се претставија учениците, хорот и оркестарот на училиштето, со драматизации, забавни содржини, а беше претставена и “Македонската сликовница“, изработена од страна на Ана Динковска Божиновска и Габриела Мамакис Петковска.
На најдобтите ученици кои учествуваа на конкурсите им беа доделени и заслужените награди за ликовниот и литературниот конкурс во рамките на училиштето.

Со бројни активности одбележан патрониот празник на ОУ “Стив Наумов“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





