Битолската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од битолското село Кажани за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. МВР информира дека од 25 до 28.07 годинава, тој од веб-страни извршил нарачка на производи во износ од 16.600 денари, за кои при плаќањето ги навел податоците од банкарска картичка во сопственост на С.Н..
На 26.10.2019 во 02.15 часот во СВР Битола, А.Ш.(42) од Битола пријавила дека бил опожарен надворешниот ѕид од куќа во Битола. Извршен е увид.






