Во организација на Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија, а во техничка изведба на КГС Партизан од Битола, во саботата и неделата, односно на 26 и 27 октомври се одржа Државното првенство во спортска гимнастика од “Б“ лигата.
Низ салата на КГС Партизана во Битола, или во познатата “Соколана“ во градскиот парк, во која единствено можат да се одржуваат натпревари од ваков вид, продефилираа околу 150 гимнастичарки од сите категории, а натпреварот помина воо најдобар ред и атмосфера.
-Освен поискусните имаше и помлади гимнастичарки, а некои им беше и прво натпреварување, но општ впечаток по завршувањето е дека гимнастиката на масовен план бележи добри резултати и дека квалитетот се подобрува секоја година, рече Љупчо Арнаудов, претседател на Гимнастичката федерација на Македонија.
Битолските млади гимнастичарки минаа според очекувањата, а освоија први места во екипен и поединечен пласман.
В сабота продолжуваат натпреварите од според календарот определен од Федерацијата, а на ред се натпреварите од “А“ и “Б“ лигата во машките категории.






