По пат одам, за пат прашам, кој пат оди, за Мариово… Така започнува една од многу песни за крајот Мариово. А патот вијугав низ недопрена природа на околу 50 километри од Битола поминувајќи преку селата Новаци, Маково и Рапеш, патот не однесе во Зовиќ, село во битолскиот крај на Мариово кој е можеби или се смета за еден од најизолираните делови на нашата убава татковина.Црна Река минува низ овој убав крај и од Рапешки мост се гледа како се вијугави низ карпестиот предел. Патот ни го пресекуваат овци кои овчарите ги носта на пасиштата, со нив и кучиња чувари. Многу трошни и напуштени куќи, предели за снимаше на спотови, филмови, македонски народни приказни…
Секако тука спаѓа и едно од најсниманото и фотографирано место “Филмски мост“ или мостот кај селото Зовиќ на реката Градешка. Воодушевен од убавината на мостот најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевкси сними дело до својот филм “Прашина“. Природата величествен мајстор на убавина и каде да се погледнеш сцена за фотографирање или снимање.
До местото се стигнува по стрмна патека и карпи, но вреди секој чекор до таму. Сите кои доаѓаат воодушевено се фотографираат на сите страни. Зовичкиот мост е изграден 1955/56 на место на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на еден локален селанец, кој водел преоптоварена воловска кола. Веднаш потоа бил изграден постоечкиот од мајсторот Џуладин од Струга.
Во непосредна близина на мостот на една висока карпа е насликан светецот “Св Ѓорѓи“ како вид на остаток од црквиче кое постоело на тоа место. Се смета дека таа е прва икона исликана во камен.
Сите оние кои го посетуваат Филмскиот мост на враќање застануваат во селото Зовиќ, кое се наоѓа на 725 метри надморска висина. Првобитно селото било на околу 500 метри пред оваа локација и се викало Лениште. За време на турско владеење било опљачкано и запалено со што селаните од тука морале да се преместат.
Името на селото е добиено по името на една чешма која се наоѓала во денешно Зовиќ, а селаните на тогашно Лениште ја викале Бзовиќ поради тоа што околу неа имало боз што претставува основа на денешното име. Во селото има две цркви “Св Никола“ и “Св Атанас“.Селото Зовиќ е најпознато по камениот мост, но во последните години и по “Етно куќата“ каде секој кој минува низ овој крај може да се одмори, освежите и јаде тука.
Низ старите куќи некои напуштени, може да ја забележите “Етно куќата“ со широк двор анбиентално уреден во традиционален стил. Стара запрежна кола, дрвени самари како столици, стара камена чешма… Митко Крстевски кој како прав домаќин ги пречекува со сите обичаи и традиционални јадења од овој крај. Но претходно добро е да се најави доаѓањето за храната, ако сакате да јадете од вкусните јадења под вршник заради нивна подготовка.
-Во нашата етно куќа може да јадете традиционални јадења и тоа: селско месо со компири или мазник печени под вршник, селски леб во фурна, домашно маривско овчо сирења, домашно кисело млеко, разни зеленчуци како додаток се разбира природни… Сето ова се подготвува подолго, но вкусот единствен. Оваа летна сезона се продолжи до крајот на октомври заради убавото време и сите уживаат во храната во нашиот амбиентален двор. За поладните денови планираме да ги опремиме внатрешните соби од куќата за да има поголем простор бидејќи многу туристи доаѓаат тука ни кажа Митко Крстевски кој се трудеше да ги дочека сите гости кои дојдоа да го почуствуваат вкусот на традицијата.
Меѓу гостите кои вчера на топлото сонце беше и Сашо Стојковски, сопственик на “С Травел“ туристичката агенција, ни рече еве веќе 5 година доаѓа тука.
-Пет години сум тука откако работи ресторанот “Етно куќа“ и секогаш истото чувство, како да се враќам во минатато. Првата година тука доаѓаа само луѓе со потекло од овој крај, но од ден на ден доаѓаа гости од секаде. Сега ги има од цела држава, а има гости од други држави. Странците уживаат во оваа понуда која на нуди ресторанот, а е надополнета со природната убавина на овој крај. Ние како туристичка агенција го препорачуваме ова место на ској кој го сака овој туризам, а тука ќе помине одлично, вели Стојковски.
“Етно куќата“ нема да престане со работа и во зимскиот период, но како најави сопстеникот, ќе има комплетно ново мени, кое сега се подтотвува, а ќе бидам вклучени зимските традиционални јадења.
Жанета Ристевска