Press "Enter" to skip to content

Младиот битолчанец Антонио Дамјановски најдобар во МХ85 на трката во Орман

Вчера  на патеката Орман крај Скопје се возеше првата трка од македонскиот шампионат во мотокрос, а трката беше во организација на мото-клубот Вардар од Скопје.

Младиот битолчанец Антонио Дамјановски, беше најдобар во класата МХ85, а убедливо победи, со голема разлика, победувајќи ги противниците со два круга пред нив.-Ова беше прва трка која се вози за македонскиот шампионат и на која убедливо победив. Се надевам дека и во иднина ќе бидам во врвот во мојата класа, рече скромно Антонио по убедливата победа.

Антонио Дамјановски е ученик, има само 12 години, а многумина во него препознаваат иден шампион, кој ќе ја продолжи традицијата на битолскиот мото-крос, секогаш да има мотокросисти кои ќе бидат во врвот на македонскиот мото-крос и пошироко.

Дамјановски има зад себе десетина трки, а на победничкиот пиедистал бил покрај во Македонија, и  во Грција и Србија.

More from БитолаMore posts in Битола »