Press "Enter" to skip to content

Сениорките поразени во Штип, кадетките два од два во Битола

Во рамките на 2. ко,о од државната македонска лига во одбојка, екипата на Пелистер Волеј гостуваше во Штип каде играа против екипата на УГД Студент. “Пелистерки“ се поразени со 3:1 по сетови, 25:22, 18:25, 25:14, 25:20.

-Борбата од 1 час и 50 минути не беше доволна за успех или барем за бод, но одигравме допадлива игра после што можи само да жалиме за пропуштената шанса, рекоа од Пелистер Волеј за поразот. 

Во салата на медицинското училиште вчера се одигра државно првенство за кадетки, група “В“, во која кадетките на Пелистер Волј ги добија двата натпреавари. Тие убедливо го победија екипите на Наковски Волеј со 2:0 (25:20, 25:17) и УСК Валандово 2:0 (25:21, 25:10).

Во првиот натпревар со Наковски Волеј 1 поените ги освоија: Ева Трпеновска 14, Стефани Најдановска 12, Андреа Стојановска 6, Ивана Василевска 3 и Георгина Станковска 1.

Во вториот натпревар со УСК Валандово поените ги освоија: Стефани Најдановска 8, Ева Трпеновска 7, Емилија Бицевска 5, Ангела Нонкуловска 5, Андреа Стојановска 5, Сандра Дамчева 3, Ева Пајаковска 1, Михаела Цветановска 1 и Георгина Станковска 1.

Супериорен старт и на кадетките, 4 бода и веднаш на 1 место во групата исто како и младинките. 

More from СпортMore posts in Спорт »