Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес 29 октомври, со почеток во 10 часот ја закажа 45. седница на Советот на Општината Битола, во овој советнички состав.
На седницата ќе се расправа за 16 точки од дневниот ред за буџетот на општината, функционирањето на зимска служба, плата на вработените во ЈП “Комуналец“, комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици, развојни планови, јавното осветлување…
Седницата ќе се одржи со следниот дневен ред:
1.Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Битола за 2019 год.
2. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за третиот квартал од 2019 година.
3. Програма за измени и дополнување на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола за 2019год.
4. Програма за измени на Програмата за развојни планови на Општина Битола за период 2019-2021
5. Програма за измена и дополнување на Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2019 год.
6. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2019 год.
7. Програма за измени и дополнување на Програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Битола за 2019/2020 год.
8. Програма за измена и дополнување на Програмата за образование и јавни дејности за 2019год.
9. Програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој за 2019 год.
10. Одлука за кофинансирање (учество) на општина Битола за исплата на средства на име на ДДВ ( данок на додадена вредност) за одобрени средства на општина Битола од Агенција за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на РСМ за реализација на проект за „Изградба на настрешници во ф-ја на објект на КП бр.8216 КО Битола 4, Општина Битола ( Целина Б)
11. Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас во водотеците во планскиот опфат на УПС Нижеполе, Општина Битола
12. Одлука за давање во времен закуп со надоместок од 15 Ноември 2019 до 28 Февруари 2020 год. на недвижен имот сопственост на Општина Битола во објект – магацин во с. Лопатица на „Миссириан“ ДООЕЛ Струмица за престојната сезона за откуп на тутун на територијата на Општина Битола
13. Одлука за утврдување на висината на бруто пресметовниот бод за исплата на плата за вработените во ЈП „Комуналец“ – Битола
14. Одлука за измени и дополнување на финансовата програма за одржување на јавните зелени површини на територија на Општина Битола за 2019 год. Бр. 01-777/1 од 14.12.2018год
15. Одлука за измени и дополнување на програмата за јавна чистота на територија на Општина Битола за 2019г.
16. Годишен план за вработување на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за 2020 г.






