Press "Enter" to skip to content

Офицерски од подрум до таван пред да започне расчистувањето (фотогалерија)

На самиот ден, утрото, кога влегоа мајсторите во Офицерскиот дом, кога започна расчистувањето, влегов заедно со мајсторите, во внатрешноста на офицерски.А, таму глетка како од најстрашните хорор филмови, без ниту еден здрав и чист ѕид, а ѕидовите со откорната инсталација, без ниту едно здраво стракло на прозорците, без врати, уништени подови, од подрумот до таванот.Вртените скали преполни со ѓубре, балконите со искршени стакла, опасни за движење, а витражите останато само по некое парче обоено стакло.Големата ресторанстка сала на приземјето целосно оштетена, а во иста таква состојба и свечената сала за концерти, свечени академии, и други говоранции на горниот кат.Во иста состојба и помалите помошни простории, но, да не кажуваме како беше состојбата пред десетина дена, бидејќи за Офицерски е толку многу зборувано, ги објавуваме фотографиите за состојбата на домот пред расчистувањето.

Фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »