Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“, во рамките на програмата „Еразмус +“, во клучната КА1 акција, од 22 до 28 октомври 2019 година го реализира проектот “STOP VIOLENCE“.
Проектот се реализира со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а целта на проектот е да се подигне свеста за семејното насилство, како и да се подигне свеста за факторите што го предизвикуваат семејното насилство. Исто така, со проектот треба да се подигне свеста кај учесниците за рано препознавање на формите и случаите на семејно насилство и насилство врз децата.
Учесниците на обуката ќе имаат можност да се стекнат со знаења за семејното насилство и насилството врз децата за да може во иднина активно да придонесат во борбата против семејното насилство и насилството врз децата.
Проектот се реализира во хотел „Капри“- Битола, со учесници од Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Шпанија, Турција, Литванија и Бугарија. Учесниците преку реализација на обуката ќе имаат можност да научат повеќе за семејното насилство кое вклучува многу форми на физичко и емоционално злоставување, како и занемарување од страна на членови на семејството.
Семејното насилство може да има сериозни и понекогаш фатални последици за жртвите, особено за децата и за оние кои го гледаат и слушаат насилството. Децата кои пораснале во семејства каде што постои семејно насилство со текот на времето покажуваат девијантно однесување. Учесниците ќе се стекнат со сертификат YouthPass за учество на обуката, што се реализира во рамките на проектот “STOP VIOLENCE“.
Тимот што го реализира проектот Кристина Петровска, Фатма Бајрам Аземовска, Виолета Стевановска, Моника Марковска и Елена Темелковска се погрижија за целокупната организација и реализација на проектот.
Ф. Б. Аземовска






