Press "Enter" to skip to content

Горан Козаров, директор на “Водовод“, поради сушата битолчани сега пијат “стрежевска“ вода

Поради сушниот период во кој ги нема есенските дождови, а летото беше топло и сушно, според директорот на КЈП “Водовод“, Горан Козаров вели дека е можно ситуацијата со водоснабдувањето да биде алармантна.

-Шеснаесетта недела Битола и регионот се зафатени од суша што доведе до исцрпување на водните ресурси на ЈКП “Водовод“, а сега битолчани се снабдуваат со вода за пиење која се набавува од  хидросистемот “Стрежево“, рече денес Козаров.

-Десет недели со ред, интензивно со три-четири пумпи, пумпаме вода од хидросистемот “Стрежево“, а според информациите акумулацијата  е на пониско ниво, но не е биолошкиот минумум од 30 до 40 милиони метри кубни вода, вели Козаров, а за квалитетот на водата додаде:

-Квалитетот на водата е добар, а испитувањата во филтерницата за квалитетот се зачестени во филтерницата, за квалитетот на водата да биде на исто ниво и да биде по сите светски стандарди.

Дневната потрошувачка се движи од 400 до 600 литри во секунда, а од “Водовод“ повикуваат на рационално користење на водата за пиење, а ќе има и зачестени контроли за злоупотреба, а ќе има и казни.