Општина Битола ја објави програмата за прославување на Денот на ослободувањето на градот, 4-ти Ноември, а свеченото доделување на наградите по тој повод, за годишни остварувања и за животно дело ќе се случи в понеделник, на 4 ноември, во 19 часот, во Народниот театар во Битола.
Свеченостите ќе започнат на 1 ноември, петок изложба во Библиотеката во 18 часот, а во 19 часот ќе биде доделувањата на наградите на “Камера 300“.
На 2 ноември ќе се одржи традиционално ќе се одржат шаховките турнири за младинци и слепи лица.
Недела, 3 ноември е резервирана за спортските настани. Најпрво ќе се одржи велосипедскат трка во Градскиот парк, а ноќната атлетска трка по Широк Сокак во организација на Сојузот на спортови од Битола, ќе започне во 18 часот. Ќе има оф-роад кај Смолево со џипови и куглање, градско првенство.
На 4 ноември свеченостите ќе започнат со прием на борците од страна на градоначалничката, ќе се полага цвеќе, а потоа ќе се потпише повелбата за збратимувањето на Битола со Измир, Турција.

Општина Битола ја објави програмата за 4-то Ноемвриските прославувања
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





