Со силни пораки преку музичко танцови сценски перформанси, монолози, рапување… ученици од двете училишта во борба против сексков вид на насилство подготвени од нивните ментори.
-Родители, наставници, ученици. Ова беше мојот клас. Сигурно налик и на вашиот, со многу другарчиња жедни за знаење, љубов, внимание, игра и дружење. Не спомнав насилство, така? Па се разбира. Ние не го сакаме. Се појавува понекогаш во различни облици, но ние се бориме против насилството.
Со овие зборови малата водителка Викторија Петковска ги поздрави присутните на настанот кој вечерва се одржа во салата за приредби на ОУ “Св. Климент Охридски“, пред голем број гости родители, ученици, наставници, членови на психолошко педагошки служби од повеќе основни училишта. Настанот го проследи и градоначалничката Наташа Петровска.
Заеднички настан на двете училишта ОУ “Св. Климент Охридски“ и “Св. Кирил и Методиј“ под мотото „Заедно градиме свет без насилство“.
На настанот учествуваа голем број ученици од различни возрасти од двете училишта, под раководство на нивните ментори, а со поддршка на обата директори Гордана Анастасова и Душко Костовски.
Програмата која беше проследена ја подготвија менторите Андриана Димитров, Жанета Ристевска, Сања Кузмановска Анкица Стевановска, Весна Јанкулоска, Даниела Петковска.
Андриана Димитров координатор на настанот ни кажа:
-На овој настан учениците преку најразлични форми на изразување како монолози, уметнички и сценско танцови перформанси,рапување, ги представија емоциите што ги буди насилството од различен облик. Со секој монолог беше представена психологијата на личноста вовлечена во насилството и психологијата на личноста жртва, која го трпи насилството. Начинот на кој може да се реши конфликтот и да се стави крај на тоа насилство. Поука која ја извлекуваме и порака која треба да ја носиме со себе.
Потоа секој монолог беше поткрепен со танц кој имаше за цел уште помоќно и посилно да ги долови чувствата кои ги буди насилството. На различен начин беа представени сите видови на насилство физичко, психичко, вербално, сајбернасилство.
Представен беше и начинот на разрешување на насилството.
Во интересна драматизација низ која во име на заедницата комшивката представи како со агресија, ги поттикна децата од маалото да извршат насилство врз материјалните предмети, но и патот на мирно решавање на проблемите преку заедништво.
Водителката на крајот преку пораки повика “Заедно да градиме свет без насилство“, а тој свет најмалите, нашата иднина го обоија со шарени балони, пораки и песна за сите нас различни, а со иста желба и визија.
Во борба против насилството денес здружно пренесоа пораки учениците од двете училишта “Св. Климент Охридски“ и “Св. Кирил и Методиј“.
Жанета Ристевска






