Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: фатен емигрант од Куба на граница кај село Драгош

На 31.10.2019 во 10.00 часот над село Драгош, битолско, кај манастирот “Свети Илија“, полициски службеници го спречиле кубанскиот државјанин Х.С.А. (32) во обид илегално да ја премине државната граница.

Тој бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Меџитлија“, по што е предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.