Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник по втор пат поразен од Татран Прешов

Татран Прешов – Еурофарм Работник 31:29 (15:14)

Ракометарите на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите вечерва загубија од Татран Прешов во Словачка. 

Словаците подобро започнаа и дојдоа до 4:1 во седмата минута, а по десетина минути беше 6:6, па 7:7, по што битолчани поведоа со +2 за на одмор да се отиде со 15:14 за домашните.

Во второто полувреме словаците одржуваа мала предност, но повторно беше реми 22:22.  Највисоката предност во завршницата на само 8 минути до крајот беше +4, а минимални +1 во 56 минута, 28:27. До крајот словаците го држеа водството за 31:29.

Кај Еурофарм Работник најефикасен Остроушко со седум, Јотиќ постигна пет, а Ѓукиќ со четири гола.

More from СпортMore posts in Спорт »