Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: по налог на судот приведени дилери на дрога и опожарен мерцедес

На 01.11.2019 во времето од 14,45 до 16,45 часот, по претходно добиена наредба за претрес од Основен Суд Битола од полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес во домот и други простории на М.С.(39) од Битола. При претресот биле пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети одземени: 21 најлонска опаковка со прашкаста материја, алуминиумски фолии со прашкаста материја и еден мобилен телефон. При претресот, во домот на М.С. била затекната И.П.(31) од Битола кај која биле пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети одземени: пластични кутивчиња со траги од прашкаста материја, шишиња со метадон, алуминиумски фолии со прашкаста материја, таблети бубренофин, мобилен телефон, пари…. М.С. и И.П. се приведени во СВР Битола и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
 
На 02.11.2019 било пријавено дека во Битола во населбата Долно Оризари, настанал пожар во патничко возило „Мерцедес“, сопственост на Д.В.(34) од Битола..Извршен е увид.