Во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, во организација на Сојузот на спортови од Битола и општина Битола вечерва се одржа традиционалната, 61. по ред, ноќна атлетска трка, на која учество зедоа околу од 1.000 млади битолчани.
Учесниците и публиката ги поздрави градоначалничката на Битола, Нашата Петровска, која нагласи дека се радува дека околу 1.000 млади од Битола го покажаа спортскиот дух и да ја продолжат традицијата која трае без прекин која трае 60 години година и продолжува. Петровска на дел од најмладите победници, им додели дипломи и медали.
-Ова е 61 трка по ред, а вечерва настапија ученици од основните и средните училишта и граѓани. Ова спортска манифестација која трае најдолго во Битола, веќе 61 година, а ако помножиме по колку битолчани учествувале секоја година ќе дојдеме до импозантни бројки. Екипните победници кои ќе го дознаеме по сумирањето на поединечните резултати ќе ги добијат наградите на изборот на спортист на Битола за 2019 година, рече претседателот на Сојузот на спортови, Димче Миновски.
Покрај екипните пласмани, сите поединечни победници, второпласираните и третопласиранире добија медали и дипломи, за постигнатите резултати, но и како спомен на оваа трка во 2019 година.
На победниците победите им ги честитаа и им доделија медали и претседателот на Советот, Валентин Груевски, заменик градоначалникот Емилија Косгтурска, членовите на Комисијата за спорт, советниците Жаклина Наумовска, Елеонора Илиевска, Билјана Поповска и други, членови на Управниот одбор на Сојузот на спортови, професори по физичко образование и други истакнати спортски работници од Битола.
Покрај младите оваа година на крајот се одржа и трката на граѓаните.
С. Ристевски

Традиционална 61. ноќна атлетска трка по Широк Сокак (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…





