Завршниот натпревар во спортска гимнастика се одржа на 3. ноември во КГС Партизан во Битола и мина во знакот на битолчанецот Иван Крстевски.
Димпломи и признанија добија за успешниот настап и младите гимнастичари Марко Димовски и Стејанче Дамчевски.
На завршниот натпревар од “А“ и “Б“ групата во машка конкуренција учестуваа педесетина гимнастичари од сите клубови од Македонија.
И овој пат беше демонтрирана квалитетна гимнастика, што говори за напредокот на овој спорт кај нас.
Претседателот на ФГСМ, Љупчо Арнаудов истакна дека со овој натпревар завршија гимнастичките натпревари во Македонија и дека до крајот на годината ќе се одржи и последната манифестација, изборот на најдобрите гимнастичари за оваа година.
Д.М.






