Press "Enter" to skip to content

Претставени приоритетите во работењето, активностите и развојните визии на раководството на УКЛО (фото)

Денес во просторите на Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ се одржа прес конференција на која раководството на Универзитетот, пред новинарите и јавноста ги претстави приоритетите во работењето во сите домени на универзитетското делување.

На средбата со новинарите, покрај ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, проректорите на УКЛО: проф. д-р Гордана Трајкоска, проф. д-р Љупче Кочоски, проф. д-р Игор Неделковски и проф. д-р Марјан Ѓуровски во кратки црти ги претставија развојните визии за ресорите од нивна надлежност.Тие се заложија за поквалитетна настава, унапредување на научно истражувачката дејност, обезбедување квалитет,  непречено финансиско работење и развој на УКЛО и остварување повисоки стандарди во севкупното функционирање на Универзитетот. Презентирани се и поодделните напори кои УКЛО ќе ги реализира  за  поголема видливост и  место во европскиот простор на високото образование и науката.Посебно е нагласена стратешката свртеност кон студентите, остварувањето академската мобилност низ програмите на ЕУ и САД, нивно следење не само во студирањето туку и понатамошниот академски развој и професионално профилирање.Покрај ова, високо на листата на приоритетите на УКЛО се   интернационализацијата што ќе овозможи поголема препознатливост на УКЛО на меѓународен план. Инвестирањето во научно – истражувачката работа,   лабораториите и иновативноста се планира да бидат не само извор на знаење туку и интегрален дел од наставниот процес. Со вложувањето во човечките и просторни ресурси, обезбедување финансиска стабилност ќе се овозможи заштита на инетересите на единиците и интересите на Универзитетот во целина.Меѓу носителите на промените се и активностите  за обезбедување трансфер на знаења и технологии што се оценува дека се носечки предуслови за  подобра позиција на ранг листите кадешто УКЛО и реално припаѓа. Обезбедување подобра позиционираност при рангирањето, УКЛО ќе го остварува со поголема свесност за сопствениот идентитет.Раковоството на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола ја истакна важноста од средбите со новинарите и во духот на транспарентно и отчетно работење ги потврди напорите за редовно информирање на пошироката јавност.

Инаку, претставените приоритети за работа на новото раководство на УКЛО се во функција на поддршка и реализација на програмските активности во вториот мандатен период  на ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.

Е. Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »