Press "Enter" to skip to content

Ски-бордерот, Евгениј Ристевски, на подготовки на глечер, во Австрија (фото)

По успешните подготовки на младата скијачка на Пелистер, Ева Милевски во Австрија, пред почетокот на новата скијачка сезона, и младиот ски-бордер, Евгениј Ристевски, кој е член на СК Пелистер одработи подготовки на истата локација.

Евгениј Ристевски одлучи дел од подготовките да ги има на глечерот, Хинтертукс во Австрија, а овие значајни подготовки се реазлизирани благодарение на одличната соработка помеѓу СК Пелистер и Сноуборд клуб Полар, под водство на Кирил Нашков.

Ова се многу важни подготовки за младиот битолчанец, Ристевски, кој оваа сезона го очекуваат многу трки, на кои ќе се обиде да докаже дека е на врвот на македонскиот ски-бординг, а пред себе ќе има предизвик да се натпреварува и со врсниците на меѓународни трки.

С.Р.