Некои работи се случуваат случајно, а некој ќе каже дека нема случајности, се е според “нечија волја“. Па така денес во Битола познатиот тренер Касим Каменица во спортската сала “Боро Чурлевски“ го следеше натпреварот Еурофарм Пелистер – Партизан, секако заедно со својот долгогодишен пријатен Владе, на отворањето на оваа ракометна сезона.
А, дека нема случајност заборува и тоа дека пред 10 години, во 2016 година, Каменица го водеше Пелистер, на стартот на сезоната кога пред рекорден број битолчани, околу 5.000 љубители на ракометот се одигра првото градско дерби во машката супер ракометна лига во кој домаќин беше екипата на Пелистер, а гостин Еурофарм Работник.
Тогаш двете екипи се однесуваа професио нално и коректно и покрај спор тскиот набој и ривалството, Пелистер го совлада Еурофарм Работник со 24:21, полувреме (12:12) со подобар финиш во по следните 20тина минути.
Каменица го заврши натреварот облеан во пот, радувајќи се на победата на својот клуб, а така беше и денес кого поради многу топлото време, повторно во пот го догледа натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Партизан.
Тогаш во салата имаше големиот број гледачи, полна сала љубители на ракометот кои покажаа дека Битола е ракометен храм, а денес, после 10 години, а и многу децении наназад, останува истата љубов кон ракометот, повторно полна сала на отворањето на сезоната.
Инаку, треба да се напомене дека тогаш се одигра првото градско дерби во машката супер ракометна лига во кој домаќин беше екипата на Пелистер, а гостин Еурофарм Работник. Потоа со донесување на “Ракометната пларформа“ двете екипи се обединија и денес Битола има одличен тим, кој играше во Лигата на Шампиони, а беше и Шампион на Македонија.
Текст и фото: Сашо Ристевски










