Некаде во овој период на ноември, секоја година се слави денот на помирувањето и офоцијалниот крај на Првата светска војна, а дел од тие европски празнувања се одржува и во Битола, запоќнува со сеќавањата Димче Миновски за настаните пред 10 години.
-Ова е понова традиција, а во Битола порано се славеше прво на Француските гробишта, а потоа и на Германските, а сега според тоа што го следам, се слави само на Француските гробишта во Битола, а потоа се оди во Прилеп на Гермнанските, вели Миновски, доајен на битолското новинарство.
На овој традиционален настан, додава Миновски, секогаш се пристутни амбасадорите на Франција и Германија во Македонија, претставници на Парламентот, локолната самоуправа од Битола, а цвеќе на споменикот на Француските гробишта полагаат и воените аташеа од сите амбасади во Скопје, како и почесните конзули од Битола.
Тука доаѓаат и воените ветерани на Франција, а има и верски церемони кои ги изведуваат свештени лица од католичка, православна и муслиманска вероисповед.

Деновиве пред 10 години: на Француските гробишта се славеше денот на помирувањето (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





