Press "Enter" to skip to content

Тендер за изградбата на пречистителна станица и колекторски систем

Со проектот за “Изградба на пречистителна станица и колекторски систем”, Битола ќе добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.

Министерството за финансии, преку единицата за централно финансирање и склучување на договори, го објави тендерот „Изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола“.

Крајниот рок за доставување на понуди е 10.02.2020.

Во моментот, во завршна фаза е и постапката за избор на надзор на изградбата и реконструкцијата.

Вкупната вредност на овој проект кој е финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени и Владата на Република Северна Македонија изнесува 27,8 милиони евра.

Со реализацијата на проектот ќе се реши проблемот со отпадните води кои во моментот се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал.

More from ВестиMore posts in Вести »