Press "Enter" to skip to content

“Ќерката на дрвосечачот“ од Наде Стојилковиќ промовирана пред битолчани (фото)

Книгата „Ќерката на дрвосечачот“ од авторката Наде Стојилковиќ, беше промоворана во салата за промомции во НУ УБ “Св. Климент Охридски“, а на неа присуствува голем број на љубители на пишаниот збор.Книгата ја промовираше Фатма Бајрам Аземовска, а на авторката и ја честита нова книга и и посака понатамошни успеси директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски.

-Ретки се тие книги што уште од самиот пролог ти продираат до срце, те зграпчуваат како челична канџа од емоции и просто не ти дозволуваат да ја оставиш книгата. Премногу се ретки, да, но овде имаме една токму таква книга, рече Аземовска на промоцијата.-“Ќерката на дрвосечачот“ започнува во едно македонско село, пред повеќе од 30 години. Дана е сираче, нејзиниот татко дрвосечач загинува во шумска незгода, а од преголема љубов кон него и тага за неговата смрт, по само еден месец умира и нејзината мајка. Па така од нејзиното прекрасно семејство полно со љубов, останува само малата Дана, со вечно скршено срце. Грижата за неа ја презема семејството на братот на татко и, но чичко и и стрина и си имаат свои три деца, свои грижи за гледање, па повеќе ја третираат како слугинка дома и само гледаат да приграбат сè што можат од наследството што и е останато. Дана е прекрасен лик; кротка, мила, послушна, покорна, вредна и пргава – таа не зуцнува дури ни кога тие практично ја продаваат на еден богат пар во Скопје, за да им биде домашна помошничка. Ги голта солзите во себе, а однадвор и понатаму останува силна и истрајна, рече авторката, а оние кои веќе ја прочитаа книгата рекоа:-“Ќерката на дрвосечачот“ е книга која раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините.

Ф.Б.А.

More from КултураMore posts in Култура »