По повод Светскиот ден на лицата со состојба на дијабет, Здружението на дијабетичари на Општина Битола, во НУУБ „Св. Клиемнт Охридски“, како дел од нивните активности, го промовираше Електронскиот едукативен центар за дијабетес, под покровителство на Општина Битола.
На промоцијата се обратија и д-р Олга Лозановска, која зборуваше за пациентите со дијабет, медицинската сестра Василка Пауновска, а своја лична приказна за животот со дијабет раскажа 15 годишната Марија Петровска.
Претседателката на здружението Душанка Атанасовска изрази голема благодарност до сите помагачи на овој проект, особено до општината, која сесрдно го помогна овој нивни проект.






