Press "Enter" to skip to content

Трибина во организација на Здружението на родители на деца со дијабет тип 1 (фотогалерија)

Во организација на ново формираното Здружението на родители на деца, со дијабет тип 1, синоќа во малата сала на Центарот за култура, се одржа трибина по повод одбележувањето на Денот за борба против дијабетот, на  која зборуваа претседателката на Зружението, Марија Кожинковска, градоначалничката Наташа Петровска, докторката Олга Лозановска, Ели Секуловска…

За формирањето на ова здружение на родители на деца кои се заболени со дијабет тип 1, Марија Кожинковска рече:-Трибината е организирана по повод Денот за борба против дијабетесот, со цел да ги истакнеме проблемите со кои се среќаваме и да се обидеме да најдеме начин да ги решиме. Ние се уште немаме точна бројка на деца во Битола кои се заболени, а едно од нашите барања е да имаме лекар, ендикринолог педијатар, со кој ќе имаме постојан контакт. Исто така бараме да се обезбедат и фрилибре сензорите од страна на министертвото за здравство, посебно за малите дечиња, се со цел да ги нема боцкањата кај децата како би се избегнал стресот кај децата и слободно би функционирале, а тие некогаш се повеќе од десетина пати дневно. Со сензорите ќе има постојано следење на состојбата со што ќе се подобри квалитетот на живот на овие деца и ќе имаат опуштено детство како и сите други. Инаку, цената е околу 120 евра месечно, а сега се набавуваат од други држави, кој како знае по пријатели, роднини.Лекар ендикринолог педијатар нема во Битола, и за секоја консултација околу терапијата децата и родителите мора да патуваат во Скопје, а се поголем број на дечиња, а има и новороденчиња кои ја имаат оваа состојба – болест, во која секој залак кој го внесуваат децата мора да биде покриен со инсулинска доза. На трибината беше присутна и Наташа Деспотовска-Димитриевск, престедател на асоцијацијата за детски дијабетес “Баланс МК“, родител на дете со дијабетес.

-Во Македонија официјален регистар на лица со дијабетес нема, а во Македонија има околу 500 дечиња со оваа болест, според податоците од Детската клиника. Според терапијата која ја примаат децата може да се каже дека не каскаме зад европките земји, но со помагалата доцниме, односно со сензорите.  

Докрор, Олга Лозановска, специјалист за оваа болест, на трибината рече:-Дијабетесот е заболување кое настанува како недостаток на инсулин во организмот при што настанува пореметување на метаголизмот, пред се на јаглените хидрати, а потоа на мастите и протеините. Ова доведува до компликации, оштетување на големите и малите крвни садови, микро и макро васкуларни проблеми. Дијабетес тип 1 се добива кога панкреасот не произведува инсулин. Генетскиот фактор за добивање на оваа болест не е пресуден, а само 2-4 проценти се наследува. Се јавува од најмала возраст се до 35 години, а младите ќе го спречат ова преки грижа за здравјето, преку едукација. Кај заболените деца редовна контрола и земање на препишаната терапија, тие да знаат дека се здрави деца, да продолжат со школувањето, да станат познати лекари, уметници, инженери… да станат родители. Со еден збор ако ја регулираат висината на шеќерот во крвта нема да се предизвикаат други болести.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска ја подрржа оваа иницијатива за формрање на ова здружение, а на трибината рече:-Состојбара во која се наоѓат овие деца бара поголема дисциплина, која за средината е малку поинаква. Средината треба да ја прифати дисциплината и таа да биде нешто нормално. Секоја локална самоуправа, не само оваа треба да ја третира оваа состојба. Имаме категорија граѓани кои имаа проблем, категорија која знае да им помогне и категорија која троши народни пари, којантреба да го насочува во функција на задоволување на потребите. Токму затоа кога членовите на ова здруќенија дојдоа да ги претстават своите намери бев фанцинирана и немав дилема дека треба да бидат поддрќани, не само сега туку и ќе продолжи во континуитет. Локалната самоуправа ќе ги насочи и другите фактори да ги нма секојдневните бокцања на дечињата, туку да бидат на 15 дена. Ќе ја нарправиме и врската со ценралната власт, со ресорното министрство, а сите дискусии и заклучоци од трибината ќе бидат пренесени за да помогнеме.За своето искуство со оваа болест и како се справува, зборуваше на трибината и Ели Секуловска, која како рече живее 30 години со дијабетес тип 1, нормално како и сите останати луѓе, само со наметната строга дисциплина во исхраната и контрола на стресот.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »