Press "Enter" to skip to content

Валентин Груевски за денес ја закажа 46. седница на Советот

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 10 часот ја закажа 46. седница на Советот на општина Битола, а на ќе се најдат на дневен ред 11 точки.

Совениците на денешната седница ќе расправаат за дел од програмите и плановите за кои е належна општина Битола, за зголемување на платите во ЈП “Пазари“, за родовата рамноправност… според следниот дневен ред:

1.Програма за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2020-2022 година.

2. Програма за измени и дополнување на Програмата за остварување на социјалната, детската и здравствената заштита во Општина Битола за 2019 година.

3. Одлука за зголемување на финансиските средства од страна на Општина Битола предвидени во Финансовата Програма за одржување на јавната чистота на територија на Општина Битола за 2019 година.

4. Одлука за формирање интерсекторска група за родова рамноправност на Општина Битола.

5. Годишен план за вработување на ОЈУ Зоолошка градина Битола за 2020 година.

6. Годишен план за вработување на ОУ „Александар Турунџев“ с.Кукуречани – Битола за 2020 година.

7. Годишен план за вработување на ОУ „Гоце Делчев“ Битола за 2020 година.

8. Заклучок за усвојување на Програмата за НП Пелистер Битола за искористување на средства од Програмата на Општина Битола за финансирање на туризмот за 2019 година.

9. Решение за давање согласност на Одлуката за зголемување на вредноста на бодот за пресметка на платата на вработените во ЈП „Пазари“Битола.

10. Решение за изменување членови во Општинскиот Совет за социјална заштита.

11. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на ЈКП „Водовод“Битола.