Синиот круг е симбол на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември, и претставува поддршка и единство на светската јавност во борбата против пандемијата од дијабетес.
Лајонс клубот од Битола оваа година одлучи овој ден да го одбележи на поинаков начин.
Да се создаде уметничко дело преку симболичен перформанс на овој ден кое ќе се подари на Здружението на дијабетичарите на Општина Битола кое конечно после децении лобирање успева да добие свој простор каде што ќе работи.
Подарокот и беше врачен на претседателката на здружението Душанка Атанасовска од страна на д-р Лилјана Нечевска која децении од својата кариера како доктор ја има посветено на грижата за дијабетичарите и Љубица Ангелкова, претседател на Лајонс клубот Битола, кој го организираше овој настан.

“За живот надвор од синиот круг“ -арт перформанс на Буба Мешкова Солак – уметник и член на ЛК Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: приведување за возење без возачка дозвола и две приведувања за дрога
- СВР Битола: битолчанец возел прво бил со 3,23 по два дена со 3,50 промили, осумдневен притвор за 29-годишен возач
- Елена Костадиновска и Никола Бубевски од Битола се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје
- 16 нови детски ѕвездички блеснаа на 26. издание на фестивалот „ТРА ЛА ЛА“ во Битола (фотогалерија)
- По спектакуларната премиера во Велес, Андријана Арлен со „Сребрена ноќ“ пристигнува во Битола на 12 ноември





