Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за возење без возачка дозвола и две приведувања за дрога

На 09.11.2026 во 23:45 часот на ул. „Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Ј. (29) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „бмв”со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при што било констатирано дека го управувал за време на активна мерка – забрана за управување на моторно возило. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.11.2026 во 00:10 часот на ул. „Крсте Нале“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода К.Ј.С.Ф.(47) од  Шведска затоа што при преглед кај него и во возилото кое го управувал биле пронајдени две дробилки со остатоци од марихуана и шише со прашкаста материја . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.11.2026 во 18:10 часот во село Горно Оризари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  Ј.С. (53) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »