Press "Enter" to skip to content

Даниел Зхоу Главевски од Горната гимназијата со сребрен медал на државното првенство за средни училишта

По повеќе од 10 години, Битола беше домаќин на државното првенство во пинг понг за средношколци. со спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, а првенството е во организација на Сојузот на училишни спортови Битола, а го отвори градоначалничката Наташа Петровска, која ревијално на почетокот на турнирот.-Она за што сум посебно емотивно врзана е понг понгот, затоа што своевремено бев државен натпреварувач во овој спорт. Ви посакувам успех на ова државно првенство, бидете храбри и никогаш не се откажувајте. Воњата и намерата да направите нешто, секогаш на крајот излегува на виделина, рече Петровска.

Даниел Зхоу Главевски ученик во гимназијата “Јосип Броз Тито, од Битола е второпласиран на државното првенство за средни училишта, кои се одржа во спортската сала на Горната гимназија во Битола. Главевски беше поразен од Волкановски во најдобриот натпревар на првенството, а по водството на Волкановски од 2:0 по сетови, Главевски израмни на 2:2 по сетови. Иако ја имаше можеби најфголемата поддршка од своите соученици од Гимназијата, и најгласното навивање на пинг-понг, Главевски не успеа во последниот сет, петти по ред, да направи комплетен пресврт и да дојде до титулата.

Мора да се напомене и тоа дека Даниел Зхоу Главевски во полуфиналето го победи и првиот носител и фаворитот за првото место Дамјан Стојчев од Свети Николе со 3:0 (13:11; 11:8; 13:11).

Кај средношколките на крајот на златото му се радуваше Ана Стојановкса која во финалето со 3:0 славеше против Бојана Михајловска.

More from СпортMore posts in Спорт »