Во денешниот прв ден на акцијата беа вклучени 240 лица, кои беа уредно пријавени, а сите заедно денес засадија 20.000 садници, кај месноста Бел Камен, кај “Ротиндка петља“. Денеска започна акцијата “Да засадиме иднина“ чиј организатор е Ротари клуб Широк Сокак Битола за пошумување на 30 хектари, површина каде постоеше шума, но за жал беше изгорена по пожарите во 2007 година.-Околу Битола ќе се засадат нови 100.000 садници, со цел да се вратат белите дробови на градот. Го одравме овој предел бидејќи тука шумата на неколку пати беше зафатена од големи пожари и е целосно уништена, велат од Ротари клуб Широк Сокак Битола, а претседателот, Миле Спировски, појасни:-Ќе засадуваме садници денес и во наредните денови, за што имаме голема поддршка од компании, претпријатија, но и доста индивидуалци. За засадување се пријавени се околу 1.000 лица, а за сите е обезбеден превоз до местото на засадување, кај Бел камен, кај “Ротинска петња“. Имаме план да се засадат 30 хектари од Бел камен до Битола.Иако е планирана акцијата за пошумување да трае 15 дена, може да се скрати временски ако се засадат 30 хектари. Садниците ги набави ЈП “Национални шуми“, вработените се на терен и обезбедуваат стручна поддршка, а покрај членовите на Ротари клуб Широк Сокак Битола, денес засадуваа вработени во “СН финансии“, “Стопанска банка“ АД Битола, “ЈК Травел“, “Кромберг и Шуберт“, “Webi Art“, ЈП “Комуналец“, Здравстен дом…-Пошумувањето е предвидено со даб, јасен, јавор, багрем и црн бор, се со цел да направиме насади поотпорни на пожарите, изјави Маре Басова, помошник директор на ЈП “Национални шуми“.Почетокот на акцијата заради неповолни временски услови беше одложен, но со последните дождови се створија услови за засадувањето да биде што поуспешно. Акцијата продолжува и утре, а за сите заинтересирани битолчани обезбеден е превоз до местото на одржување на акцијата.
Започна акцијата на ротари клубот “Широк Сокак Битола“ за засадување 100.000 садници (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Топ гол од Битола се пласира во полуфинале од Купот на Македонија за жени
- Привршува поставувањето на топловодот на првиот дел од улицата “Партизанска“ во Битола
- Кочоски од Silent Hunters од Битола со нов мотоцикл до победа и второ место на стартот од сезоната во БМУ!
- Се асфалтира улица “Захарија Шумљанска“, кај Светонеделските гробишта во Битола
- Успешно одржан втор Семинар од областа на ветеринарната медицина во Битола (фото)