Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник денес, против Савехоф, ќе се обиде да ја прекине серијата порази

По враќањето од Португалија, по поразот во Лисабон, ракометарите Еуро фарм Работник, имаа нешто повеќе  време да се подготвуваат за денешната средба против екипата на Савехоф, но и да се обидат да го “залечет“ повредите на кои се жалт голем број на ракометари.

Тренерот Стевче Алушовски го следи медицинскиот извештај, а добра вест е дека денес ќе ги има Вегар и Маркоски, а на пресот рече:

-Савехоф ни е еден од должниците оваа сезона во Лигата на шампионите. Да бевме комплетни ќе бевме големи фаворити, но ние подолг период мака мачиме со повредени ракометари. Имаме негативна серија, но подготвени сме за Савехоф. Добро го анализиравме ривалот, и иако сме “кратки“ во ростерот, на маката се познаваат јунаците и верувам во втора победа во Лигата на шампионите. 

Голманот Никола Митревски, вели дека гостувањето на Швеѓаните е можност за втората победа во оваа фаза.

-Савехоф доаѓа со блага фаворитска улога, а причината не е што се поквалителни, туку тоа што ние сме преполни со повредени ракометари и тоа веќе подолг период. Имаме многу рековалесценти, незаздравени ракометари, како на натпреварите, така и на тренинзите. Нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка, да дадеме свој максимум и конечно пак да ја израдуваме битолската публика.

На првиот дуел во Гетеборг, Еурофарм Работник прокоцка пет гола предност на полувреме и загуби во драматичен финиш. 

More from СпортMore posts in Спорт »