Утрово, точно во 10 часот, започна акцијата за пошумување на ридот над населбата Баир во Битола, нас манастирот Кркардаш, а на неа учествуваа триесетина млади битолчани.
Кооординатор на иницијатива “Зелен Баир“, Мирко Наумовски од ФОРУМ ЦСИД Скопје за акцијата рече:
-Просторот каде се планира реализирање на акцијата “Зелен Баир“ е поранешна борова шума, која во изминатите 15 години е целосно уништена од пожари, пред неколку години, кога овој дел го зафати голем пожар во кој се опожарени боровите стебла на местото каде неселенито од овој дел на градот рекреираа.
Во акцијата за пошумување на ридот “Зелен Баир“ ќе учествуваат волонтери од повеќе
граѓански организации од Битола.
Јавното претријатие “Комуналец“ ја поддржа и оваа и ицијатива, донира садници и им даде техничка помош на волонтерите.
Акцијата за пошумување на ридот „Зелен Баир“ се реализира во рамки на „Активни граѓани за добро владеење“ активност што ја имплементира Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје (ФОРУМ-ЦСИД) со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Со засадување 115 садници започна акцијата за пошумување “Зелен Баир“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)





