На 17.11.2019 во 09.05 часот кај с. Кременица полициски службеници од Полициска станица Меџитлија ги лишиле од слобода Л.П.А (25), К.Д.Ј.Е. (37), Л.Н.Џ. (34), А.К.Ј. (32), Т.Р.Ј. (32), Л.П.Џ.К. (32) и С.П.А. (30), сите од Куба, при обид незаконски да ја преминат државната граница помеѓу Македониј и Грција. Истите биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
Полициски службеници од СВР Битола во периодот од 15 до 17.11.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 34 возачи управувале возило без возачка дозвола, 17 возила биле нерегистрирани, 13 возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, 32 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.





