Press "Enter" to skip to content

Леа Бошевка, првак во јуниорска конкуренција на “Balkan best fighters“ во Србија (фото)

Викендовм поточно од 1.5 до 17. ноември се одржа четвртиот интернационален кикбокс турнир “Balkan best fighters“ во Ниш, Република Србија, каде што учествуваа 407 натпреварувачи во различни дисциплини и категории, со вкупно 650 учесници, официјални лица и спортски работници.

Кикбокс клубот Самурај од Битола се претстави со кикбоксерката Леа Бошевска во јуниорска конкуренција и го потврди успехот од минатата година.Леа во финалната борба до -50 килограми дисциплина кик-лајт ја порази Марта Вучич од кикбокс блуб Раднички, Србија и се закити со златен медал.

-Не беше лесно да се дојде до победа над една искусна репрезентативка на Србија. Беше тешка и  неизвесна борба до крајот на мечот, но мојата одлична подготвеност и концентрација во текот на сите рунди, како и желбата за победа исто како и лани, беа пресудни за победа и нов златен медал, рече по враќањето во Битола, Леа Бошевска. За техничката подготвеност, нејзините клубски тренери, Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска, велат:

-Подготовките за овај натпревар беа во континуитет подолг период не само пред натпореварот и затоа Леа дојде со златен медал. Таа покрај техничката подготвеност покажа и голема кондициска подготвеност која што уште повеќе доприносе за победата со резултат од 3:0 над искусната натпреварувачка од Србија.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »