Дваесетина млади од Битола вчера над Кркардаш засадија 115 дрвца со цел да го пошумат оцој дел и како рекоа да ја подигнат свеста кај битолчани за уредување на овие опожарени површини пак да зазеленат.
Но, само на стотина метри се неоѓаат неколку мини депонии кои ги направиле, се надеваме, потвроно дваесетина битолчани, кои воопшто немаат свест како што повикуваат младите.
На земјениот пат кој води од резерварот на “Водовод“ до манастирот Кркардаш на неколку место има толку многу ѓубре, растоварен градежен шут, исфрлен мебел, ќерамиди од покрив на куќа, губре собрано во домовите, растоварена земја од ископ…
И сето ова се наоѓа само на десетина метри погоре до последните куќи на Баирот, а најголем дел е фрлен во ободниот канал кој требаше да ги собира водите од ридот, кој пред петнаестина години се ископа, но не се заврши.
Мештаните велат дека најголем дел од полесниот отпад се од Ромите кои го носат од градот и тука го “селектираат“ но вината е и кај дел од мештаните кои својот намештај, дограма, најлони, тука ги депонираат.
Затоа мештаните ги повикаа надлежните, да започнат со “дебело“ казнување на сторителите, бидејќи она што го кажуваат младите да се подигне свеста за зелен Баир не помага, свеста ќе се подигне само со казни, а побараа да се постават и рампи за забрана на движењето на возилата.
Инаку, само пред некој месец екипи на “Водовод“ и другите јавни претријатија го исчистија овој дел.
С.Р.





