Press "Enter" to skip to content

Младите одбојкарки на Пелистер Волеј одиграа и над можностите против фаворитот (фотогалерија)

Пелистер – Волеј – Работнички 0:3

Неверојатна атмосфера, еуфорично навивање во исполнета сала до последно место, одлично мотивирана екипа, добра игра на младите ракометарки на Пелистер Волеј, но поразот беше неминовен бидејќи за противник имаат поквалитетна и далеку поискусна екипа. -Поразот од минатогодишниот освојувач на двојната круна е во втор план, затоа што гостите беа фаворити уште пред самиот почеток. Импресиите да се игра пред толку публика, во натпревар кој за прв пат е пренесуван во живо, за оваа нова генерација можеби претставуваше и своевиден товар, но секако дека не се предадовме и загубивме чесно и достоинствено, па со кренати глави ја напуштаме нашата сала, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт  Митковски, по завршувањето на натпребварот, а за самиот натпревар додава:-Можиме да жалиме за пропуштената шанса да го освоиме последниот сет кога имавме континуирано водство се до 22:20, а и не искористивме убава шанса за израмнување при резултат 23:24 кога не ја искористивме предноста по фантастичниот сервис, но ова е големо искусттво за оваа млада екипа.Екипата на Пелистер Волеј мора да ја пофалиме бидејќи и покрај квалитетот на противникот и можеби поради тоа што победникот се знаеше уште од пред почетокот на тие не се предадоа, играа со цела сила, се мотивираа меѓу себе, им дадоа отпор на Работнички, се бореа и за добиен сет,  знаеја и да се израдуваат на убаво освоените поени,  а публиката не ги остави сами во битката.Сепак, ова останува како историски прв натпревар пренесуван во живо на МРТ од Битола.Поените за Пелистер Волеј ги освоија: Ана Пејовска 11, Изабела Димовска 7, Стефани Најдановска 6, Ева Трпеновска 6, Ивана Белокозовска 3, Тамара Жабјановска 2.

[ngg src=”galleries” ids=”448″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from СпортMore posts in Спорт »